Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети се сомнева дека има „крт“ во репрезентацијата и распали по домашните новинари: Немој да уринирате по нас!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучано Спалети имаше забелешки до своите фудбалери за баналните грешки кои ги правеле на мечот со Хрватска, но после интервјуто за „Скај Спорт“, италијанскиот селектор бил далеку побурен во соочувањето со домашните новинари во прес-центарот.

Спалети целосно се разлутил откако била доведеена во прашање формацијата и стартната постава која ја избрал за мечот со Хрватска, особено откако еден новинар го прашал дали имал „пакт“ со одредени фудбалери да останат на клупата за резерви.

– Пакт со играчите? Колку години имате? 51……. Имате уште 14 години за да стигнете до мене. Јас секогаш зборувам со играчите и морам да слушнам што мислам. Не знам што сакате да постигнете со вакво прашање, очигледно инспирација ви се кртовите кои ги има во репрезентацијата, – изјави Спалети, алудирајќи дека одредени информации од националниот тим доста често протекуваат во јавноста.

– Не знам за што зборувате, не постои никаков пакт, на крајот игравме неверојатно офанзивно против силна селекција која знае да ја држи топката. Оваа приказна која ја измислувате носи само штета за репрезентациајта. Не постои пакт, тука сите сме како едно и сите играме за Италија.

– Сум загубил на многу натпревари во кариерата, Хрватска можеше да победи, а тоа е така бидејќи е многу добар тим. Правете свои анализи и кажете дека не сум добар тренер, но немојте да уринирате по нас ако загубиме на еден меч. Се извинувам за употребениот речник, – изјавил нервозниот Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни