Свет
Спалети пред мечот со Македонија: Да му покажеме на светот каде припаѓаме!

Лучијано Спалети е во исчекување на прес-конференцијата за утрешниот натпревар меѓу Италија и Македонија кој ќе се одигра во Рим, но пред да дојде до тоа, ексклузивниот медиум „Скај Спортс“ доби можност за интервју со селекторот.
Поранешниот тренер на Наполи не успеа да отвори со победа на своето деби како италијански селектор кое го имаше во Скопје, но сега очекува неговиот тим да покаже континуитет и да докаже дека тргнале по вистинскиот пат.
– Ние сме професионалци кои самите си ја пишуваме својата историја на вакви натпревари. Светот ќе ја види нашата слика преку овие два натпревари кои следат со Македонија и Украина. Се подгоотвивме многу добро, имаме добар тим на располагање и влегуваме со голема самодоверба. Веќе одигравме неколку меча заедно и веќе има појадовна точка.
– Нема потреба да се навраќаме на претходните натпревари. Во Македонија можевме да извлечеме нешто повеќе, но дури и победа на тој меч немаше да го промени нашиот пат.
– Потребно е да се покажеме како Италија која има своја историја, Италија која има изграден свој стил и потребни ни се играчи кои знаат да се справат со вакви ситуации. Мора да му покажеме на светот каде припаѓаме, мора да одиме напред и да ги пренесеме нашите идеи. Мора да се стремиме да направиме нешто големо за цела нација, – изјави Спалети.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него