Поврзете се со нас

Италија

Спалети повика две нови имиња пред соочувањето на Италија и Македонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/NazionaleCalcio

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети мораше да се соочи со неколку повредени играчи и фудбалери на кои нема да може да смета на последните две квалификациски средби, а денеска реши да го дополни составот со двајца искусни играчи.

Мануел Лацари од Лацио и Валтер Бираги од Фиорентина се новите имиња во редовите на „азурите“ и двајца фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за дуелот со Македонија во Рим.

Мерет, Калабрија, Толои и Локатели нема да настапуваат во овој мини циклус поради повреди, а проблем имаше и Камбијасо, кој и натаму тренира под контрола на лекарскиот тим на репрезентацијата.

Италија ја пречекува Македонија на 17. ноември, а три дена подоцна ќе се соочи со Украина, натпревари на кои избраниците на Спалети ќе мора да одат на победи.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни