Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети по поразот на Италија: Кога нозете не играат…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/NazionaleCalcio

Италија не може да биде задоволна од резултатот, но најмногу и од играта на настапот против Шпанија на ЕП во Германија, а тоа директно го истакнал и Лучијано Спалети.

Селекторот не штедел критики за своите фудбалери, истакнувајќи го непотребниот дефанзивен пристап, односно менталитет, истовремено истакнувајќи го повисокото ниво на кое се наоѓаат Шпанците во моментов.

– Заостанувавме многу во однос на прецизноста и свежината, како воопшто да не влеговме во натпреварот.

– Сите сакаат да ја копираат Шпанија бидејќи игра убав фудбал подолго време. Мора да им појаснам на моите фудбалери колку е важен овој натпревар и покажува колку е тешко кога се игра дефанзивно.

– Не сакам да играме вака, не знам да бидам тренер за ваков стил, мене ми е најтешко кога гледам вакво нешто, мора почесто да ја имаме топката во посед и да се обидеме да креираме во нападот.

– Можеби и ние во стручниот штаб сме виновни бидејќи не им овозможивме подолг одмор по претходниот натпревар, недостасуваше свежината. Кога нозете не играат, карактерот и индивидуалниот квалитет не вредат ништо, – заклучил Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни