Поврзете се со нас

Италија

Спалети откри дека им ја одземал омилената играчка на фудбалерите: Тоа веќе не е дозволено во репрезентацијата

Објавено

на

Лучијано Спалети го наследи Роберто Манчини и веднаш се најде пред голем предизвик во италијанската репрезентација, бидејќи искусниот стручњак се најде во ситуација грчевито да се бори за пласман на Европското првенство.

На крајот „аѕурите“ предводени од Лучијано обезбедија виза за Германија и ќе можат да ја бранат титулата која ја освоија на „Вембли“, но за разлика од обично, Спалети најави дека вовел нови правила во репрезентативниот камп и веќе не е дозволена омилената играчка на фудбалерите.

– Во репрезентацијата најважни се националните вредности, почитта и професионализмот. Се почнува од таму за мене, тоа е базата од која мора да одиме напред. Дресот, вредностите, гордоста и одговорноста, тоа се зборови кои не треба да се изговараат така лесно.

– Дел од играчите мислеа дека само лаам и дека не касам, но брзо сфатија дека имаат погрешно мислење и сфатија некои работи. Веќе нема „плејстешн“ во репрезентацијата, тоа останува за дома и веќе нема да го носат во репрезентативниот камп.

– Им измислувам интересни игри навечер пред да си легнат. Доаѓаат кај мене, им давам домашна задача за вечерта, особено кога сметам дека не завршиле доволно добра работа во текот на денот. Се обидувам да ги држам концентрирани во секој момент. Само така ќе одржиме стандард, не дојдов тука за да се шегувам. Сакам да го освојам Европското првенство, а потоа и Светското првенство, – вели Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни