Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети откако ја преживеа Хрватска: Не сум задоволен, правиме банални грешки

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучано Спалети се израдува на мајсторскиот гол кој го постигна Закањи во 98-та минута, погодок кој донесе реми за Италија и пласман во нокаут фазата на Европското првенство.

Фудбалерот на Лацио се издвои како спасител на мечот кој Италијанците нема да го паметат по брилијантната игра, но и во таква ситуација, мора да се признае дека „аѕурите“ пропуштија многу зрели шанси.

Селекторот Спалети им честиташе на своите фудбалери за вербата и пожртвуваноста до последната секунда, но севкупно гледано, тој воопшто не е задоволен од целосната слика.

– Кога натпреварите се решаваат на крајот, се станува уште поемотивно во фудбалот. Кога никој не верува, фудбалерите се тие кои прават разлика на теренот. Останаа мирни во главите, ризикуваа до крајот и постигнаа гол со тројца дефанзивци на теренот. Можам само да им честитам за реакцијата и желбата да постигнат гол.

– Севкупно гледано, не сум задоволен од начинот на кој губиме топки во нашата половина. Воопшто не сме претпазливи во тој сегмент и ако губиме едноставни топки, ќе се мачиме со било кој тим на турнирот, без оглед на тактиката која ја користиме. Правиме банални грешки, често сме неразумни и тоа нема никаква врска со системот кој го одредувам. Имаме многу поголем квалитет од тоа што го прикажавме со Хрватска, – изјави Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни