Поврзете се со нас

Лига Европа

Спалети одби да се поздрави со тренерот на Спартак, а потоа објасни зошто го направил тоа (Видео)

Објавено

на

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети очигледно видно нервозен поради резултатот на неговиот тим и поразот во Москва против Локомотив од 2:1, не се поздрави со својот колега од спротивната страна, Руи Виторија.

Спартак Москва со 2:1 славеше против Наполи во натпревар во кој гол постигна и нашиот Елиф Елмас.

Со овој пораз значително се намалуваат шансите за пласман на Наполи во следната фаза во Лига Европа, а нервозата по крајот на натпреварот беше видлива кај Спалети кој не му честиташе на својот колега.

На прес конференцијата Спалети посочи дека не се ракувал со Руи Виториа поради тоа што тој не се покажал како добар домаќин и не се поздравил на самиот почеток на натпреварот.

– Зошто не се ракував? Затоа што не ме поздрави пред натпреварот. Кога ќе видите гости, треба да ги поздравите веднаш, а не на крајот на натпреварот. Бевме оддалечени десет метри, не ме поздрави, -изјави Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни