Поврзете се со нас

Италија

Спалети: Не сум горд на зборовите на Гвардиола

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Лучијано Спалети е предводник на генерација на Наполи која по долго време ќе ја освои титулата во Серија А, а веќе се најде и меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите.

Италијанскиот стручњак може да биде задоволен не само од резултатите, туку и од стилот на игра кој донесе многу комплименти за екипата, еден од нив и од страна на Пеп Гвардиола, кој уште еднаш го потенцираше Наполи како најдобар европски тим во моментов.

Но, Спалети не е воопшто импресиониран од зборовите на менаџерот на Манчестер Сити.

– Не сум горд поради зборовите на Гвардиола, поточно не чувствувам никакви емоции.

– Ги знам тие игри со кои притисокот се префрла на противникот, како ние можеме да бидеме пред нив кога тие трошат 900, а ние 9 милиони евра. Веројатно има причина зошто е тоа така.

– Сакаат да не издигнат високо за да не забијат на подот, – изјавил Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни