Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети: Не сме украле ништо, Италија заслужи да игра на ЕП

Објавено

на

Италијанската фудбалска репрезентација едвај избори пласман на Европското првенство во Германија, а според голем број фанови доби чист подарок од судиите на решавачкиот натпревар со Украина.

Украинците бараа пенал во судиското надополнување по стартот на Кристанте над Мудрик, но главниот судија и ВАР собата останаа неми, што предизвика бура незадоволство во украинскиот табор, но и кај неутралните фанови.

Голема прашина се дигна поради овој инцидент, а италијанскиот селектор Лучијано Спалети смета дека неговата репрезентација заслужила пласман на ЕП и дека сега успехот е неправедно потценет поради спорната ситуација.

– Не сме украле ништо, едноставно заслуживме да обезбедиме пласман на ЕП.

– Ако некој го користи спорниот момент за да не критикува, тоа не е фер, бидејќи треба да се има предвид се што се случуваше во групата.

– Натпреварот со Украина беше многу тежок поради притисокот кој го чувствувавме, а иако е јасно дека ситуацијата со пеналот е спорна, не би рекол дека е толку чиста и јасна како што луѓето сакаат да ја претстават, – рекол Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни