Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети направи неколку промени, двајца стартери првпат ќе настапат на ова ЕП

Објавено

на

foto: x.com/Azzurri_En

Италијанската фудбалска репрезентација денеска ќе се соочи со Швајцарија во првото осминафинале на ЕП во Германија, а селекторот Лучијано Спалети направи неколку промени во однос на дуелот со Хрватска.

Дел од промените се принудни поради суспензии и повреди, но има и тактички, какво што е враќањето на Киеза и Скамака како стартери во нападот.

Интересна е и одлуката во напаѓачкото трио да биде вклучен Стефан Ел Шарави, во одбраната влезе Џанлука Манчини, кој како и Ел Шарави досега не доби шанса на ова ЕП, додека во средниот ред првпат стартер ќе биде Николо Фаџоли, кој доби предност во однос на Жоржињо.

Италија: Донарума, Ди Лоренцо, Манчини, Бастони, Дармијан, Фаџоли, Кристанте, Барела, Ел Шарави, Киеза, Скамака

Швајцарија: Зомер, Шер, Аканџи, Родригез, Фројлер, Ндоје, Џака, Ебишер, Варгас, Ридер, Емболо

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни