Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети најде изговор за слабото издание на Италија: Сите мои претходници имаа повеќе натпревари за подготовка

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Италија не успеа да го помине осминафиналето на ЕП во Германија, па Лучијано Спалети не може да биде задоволен од настапот на неговите избраници на првиот турнир на кој тој ја извршуваше селекторската функција.

Останува федерацијата да одлучи дали тој ќе биде селектор и во квалификациите за СП 2026, а во меѓувреме, во првата изјава Спалети истакнал дел од проблемите на својот тим, користејќи и неколку изговори за неуспехот.

– Немав многу време целосно да ги запознаам фудбалерите, ако погледнете наназад, моите претходници имаа по 20 натпревари во кои можеа да експериментираат и подобро да се запознаат со играчите со кои располагаат.

– Неколку дополнителни натпревари сигурно ќе помогнеа, ако проверите колку натпревари сме одиграле, моите претходници сигурно имаа предност. Но, на крајот, одговорност е моја, – рекол Спалети.

Во однос на самиот натпревар со Швајцарија, Спалети смета дека фудбалерите не се движеле доволно добро.

– Се обидов да внесам неколку свежи играчи, но и тоа не помогна, интензитетот донесе ист резултат и бевме послаби од противникот. Нема поента да зборуваме за системи и формации, кога играме на ваков начин, мора да се движиме побрзо и тоа е нешто што мора да го промениме, – изјавил Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни