Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети избра за ЕП, на списокот се најде играч кој до „вчера“ беше суспендиран (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети го соопшти поширокиот список на играчи на кои ќе смета за Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.

Искусниот стратег ќе мора да скрати неколку имиња, односно објавената листа од 30 фудбалери да ја сведе на 26 асови кои ќе му бидат на располагање за турнирот на кој „аѕурите“ ќе се обидат да направат значен резултат.

Најголемото изненадување кога се во прашање повиканите дефинитивно е Николо Фаџоли од Јувентус кој буквално до вчера беше суспендиран, казнет поради обложување, односно се врати на теренот во понеделникот кога ги одигра последните 20 минути на „Ренато Дал’Ара“ во Болоња.

Италијанците пред ЕП ќе одиграа две пријателски средби со Турција и Босна на 4 и 9 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни