Поврзете се со нас

Италија

Спалети има една забелешка за најдобриот играч на Италија во овој момент

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучијано Спалети го отвори вториот интернационален прозорец како селектор на Италија и ја оствари втората победа на домашен терен, а истата беше навистина очекувана со оглед на противникот.

Малта немаше што да бара во Бари и си замина дома со четири гола во својата мрежа, од кои два беа дело на најрасположениот и најдобар играч на Италија во овој момент.

Доменико Берарди има извонреден старт на сезоната во Серија А, но фантастичната форма ја продолжи и во репрезентацијата со два гола во мрежата на Малтежаните.

Берарди полека се претвора во убиствен фудбалер кога ќе ја префрли топката на левата нога додека напаѓа од десната страна, но Лучијано Спалети сепак гледа еден сегмент во кој мора да се поправи.

– Веќе сите знаеме што можеме да очекуваме од Берарди кога ќе ја добие топката во простор на десната страна. Кога има шанса за шут, тој може да го погоди аголот во секој момент. Од него очекувам повеќе во комбинирањето со соиграчите и играта во поле, но кога ќе ја сврти топката од десно на лево, јасно е дека тој предизвикува хаос кај противниците, – изјави Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни