Италија
Спалети и Тоти се сретнаа после шест години и конечно ги „закопаа воените“ секири (Видео)

Увертирата за натпреварот меѓу Италија и Македонија донесе и испочитување на една традиција од страна на „аѕурите“, кои пред одлучувачките натпервари во месец ноември ја посетија детската болница во Рим за да им го разубават денот на малите дечиња.
Чинот на Федерацијата доби посебна тежина и поради специјалниот ВИП гостин кој пристигна, а кој всушност се одѕва на поканата која ја доби од Лучијано Спалети пред две недели.
Франческо Тоти се појави во детската болница и после неколку години се сретна очи в очи со Спалети, тренер со кој сериозно си го наруши односот при својата последна сезона во кариерата.
Шест години подоцна, двајцата ги „закопаа воените“ секири и срдечно се прегрнаа во болницата, а потоа дадоа и интересни изјави пред камерите на италијанските медиуми.
– Не можеше да има подобра прилика за да се сретнеме еден со друг. Со овој потег ги израдувавме и децата и тоа ја прави средбата уште подобра. Не го направивме ова за себе, туку за другите, имаше толку многу задоволни од ова наше зближување. За волја на вистината, ние никогаш не бевме скарани и никогаш не се расправавме. Нашата прегратка е како порака за посветла иднина, за нас, но и за децата, – изјави Спалети за „Скај Спорт“.
– Прегратката со Спалети е споредна во ваква ситуација, ова е посебен ден за децата кои дојдовме да ги посетиме. Немаше потреба ништо да си кажеме со Спалети, нашата врска секогаш се одржувала и надвор од теренот. Се што ни беше потребно беше еден поглед, а после тоа се сумиравме во прегратката која ја видовте, – изјави Тоти.
Totti and Spalletti putting the past behind them ❤️
🎥 @CorSport pic.twitter.com/lSrLnsUt4w
— Italian Football TV (@IFTVofficial) November 16, 2023
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат