Поврзете се со нас

Италија

Спалети говореше за слабостите на Ѕаниоло и ја спомна Македонија: Примивме гол…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучијано Спалети го наследи Роберто Манчини на клупата на италијанската репрезентација која успеа да ја одведе на Европското првенство кое е на програмата наредната година, шампионат на кој „аѕурите“ за ривали ќе ги имаат Шпанија, Хрватска и Албанија.

Искусниот стратег сигурно посакува сите најдобри, најквалитетни фудбалери да ги има на располагање, да му бидат во вистинска форма и со тоа да помогнат националниот тим да се обиде да ја одбрани титулата.

Еден од играчите од кого веќе некое време се очекува да блесне, да игра далеку посериозна улога е Николо Ѕаниоло кој во актуелнава сезона е дел од Астон Вила. Спалети смета дека офанзивецот има некои лоши навики кои мора да ги корегира и притоа спомениа една ситуација во дуелот со Македонија.

-Ѕаниоло е силен. Кога ќе му се јавам, тој е сам дома и има потреба од поддршка и љубов. Нема секогаш вистински навики, имањето правилни навики секојдневно му дава поголема сила во работата. Тоа е она што му го кажувам. Против Македонија беше малку невешт во враќањето назад и примивме гол, но тој останува силен играч, -порача Лучијано.

Николо има дадено 2 гола на 17 средби за селекцијата на Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни