Италија
Спалети ги предупреди италијанските ѕвезди: Ако ви е потребна дополнителна мотивација, останете си дома!

Лучијано Спалети ја презема италијанската фудбалска репрезентација откако ја освои титулата во Серија А, достигнување кое му овозможи да биде прогласен за најдобар тренер во 2023-та година.
Спалети ја доби наградата „Златна клупа“ која традиционално се доделува на најдобриот фудаблски стручњак во Италија, а повеќе од половина од гласовите му припаднале на поранешниот тренер на Елиф Елмас.
По добиеното престижно индивидуално признание, Спалети се обратил пред присутните новинари и посочил дека одговорноста како селектор е уште поголема, но истото важи и за репрезентативците до кои испрати предупредување.
– Стандардните репрезентативци мора да бидат во добра форма за да бидат важни на Европското првенство. Ќе биде важно да имаме играчи кои се подготвени да се жртвуваат за тимот на различни позиции.
– Потребни ми се фокусирани играчи, на оние кои им треба мотив плус за да играат за репрезентацијата, им порачувам да си останат дома. Нема потреба да мотивирам некого. Ако некој добие повик и очекува да биде мотивиран од мене, тоа значи дека сум направил грешка. Националниот тим е најважното нешто, нема потреба да мотивирам некого за да игра за репрезентацијата, – изјави Спалети.
-
НБА24 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
Свет17 часа
Роналдо со прв гол како 40-годишник, Дуран ја „отвори сметката“ за Ал Наср (ВИДЕО)
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим