Поврзете се со нас

Свет

Спалети ги предупреди Италијанците: Ризикуваме да бидеме посрамотени…

Објавено

на

foto: twitter.com/Azzurri

Италија ќе има два натпревари во овој репрезентативен „прозорец“, два теста кои ќе ги одигра со селекции од Јужна Америка.

Првиот е против Венецуела, а пред истиот предводникот Лучијано Спалети ги предупреди играчите да биде внимателно, максимално посветени затоа што во спротивност ризикуваат да бидат посрамотени.

-Ако не бидеме внимателни и немаме правилен став, ризикуваме да се посрамиме. Венецуела е многу физички тим, откако Фернандо Батиста ја презеде тренерската функција, тие загубија само еден од нивните 10 натпревари, а тоа беше 1-0 на гостувањето кај Аргентина. Тие се четврти во квалификациите за Светското првенство. Ова е многу тежок натпревар, -рече Спалети и додаде:

-Секогаш кога ќе стапнеме на теренот, мора да доживееме радост и тоа значи да ги сфатиме работите сериозно. Се чувствувам како да сум во рајот. Да се биде во селекцијата е радост за мене и многу сум среќен што ќе ја работам мојата работа со овој дрес на себе.

-Целото мое време го посветувам на репрезентацијата и можам да гарантирам дека понизноста и трудот секогаш ќе бидат максимални за да им дадам радост на оние што ги сакаат „аѕурите“, особено кога сме прифатени од италијанските заедници ширум светот. Сакаме да докажеме дека можат да ни веруваат и сакаме да им дадеме најголема почит, -заклучи Лучијано.

Средбата со Венецуела е закажана за вечерва од 22 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни