Поврзете се со нас

Италија

Спалети ги откри картите за Македонија, повика двајца дебитанти во националниот тим (ФОТО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/NazionaleCalcio

Селекцијата на Италија ќе се обиде да избегне нова катастрофа и пропуштање на нов голем фудбалски турнир, а за да не се случи тоа мора да оствари позитивни резултати во соочувањата со Македонија и Украина.

Предводникот на „аѕурите“, Лучијано Спалети се одлучи да повика 29 играчи за овие мечеви при што двајца играчи се дебитанти, првпат ќе бидат дел од сениорскиот состав-тоа се Андреа Камбијасо од Јувентус и Андера Колпани ид Монца.

По националниот тим се враќа и ветеранот Жоржињо од Арсенал, ас кој треба да биде замена за Сандро Тонали кој поради суспензија нема да биде достапен во наредниве осум месеци.

Дуелот со Македонија на „Олимпико“ е закажан за 17 ноември, додека на 20 ноември ќе и гостуваат на Украина во Леверкузен на „БајАрена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни