Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети ги одбра играчите со кои ќе се обиде да ја одбрани европска титула во Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Италијанскиот селектор, Лучијано Спалети пресече и ги избра 26. играчи на кои ќе смета на Европското првенство во Германија, турнир на кој „аѕурите“ ќе влезат како актуелни шампиони.

На поширокиот список се најдоа 30 играчи, но двајца експресно отпаднаа поради повреди (Ачерби и Скалвини) по што беше повикан Гати од Јувентус кој сега се најде меѓу патниците на шампионатот.

Спалети на крајот ги „избриша“ голманот на Лацио Проведел, Орсолини од Болоња и Ричи од Торино.

Италијанците се во група заедно со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни