Поврзете се со нас

Франција

„Спајдермен“ откри каква била реакцијата на Мбапе кога му го предложил Тотенхем за следна дестинација (Видео)

Објавено

на

Килијан Мбапе беше една од големите ѕвезди кои се појавија во Париз на свечената церемонија по повод „Златната топка“, а од тој ден, сега вирално стана едно видео кое го објавија англиските медиуми.

Познатиот актер Том Холанд надалеку е прочуен како огромен фан на Тотенхем, па бидејќи е актуелен по главната улога во новиот филм на „Спајдермен“, ја искористил популарноста и на фудбалски план.

Холанд во последното телевизиско гостување открил каква конверзација имал со големата француска ѕвезда на ПСЖ, односно каков одговор добил кога му го предложил Тотенхем за следна дестинација.

– Се запознавме и беше навистина пријателски расположен, а јас му реков дека мора да дојде во Тотенхем. Тој само се прсна од смеа, – открива „Спајдермен“, а од видеото се гледа дека Мбапе му одговорил.

– Невозможно, тоа е невозможно…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни