Поврзете се со нас

Светски првенства

СП во Катар ќе започне ден порано од најавеното

Објавено

на

ФИФА како никогаш досега направи промена на почеток на едно натпреварување какво што е Светското првенство, потврдувајќи дека мундијалот во Катар ќе започне ден порано од предвиденото.

Наместо на 21, СП во Катар ќе започне на 20. ноември, а со тоа ќе биде задржана и традицијата првиот натпревар да го игра домаќинот, во случајов противник на Катар е Еквадор.

Извршниот совет на ФИФА само формално треба да ја потврди одлуката, а истата наводно била донесена и на барање на Јужноамериканската конфедерација КОНМЕБОЛ.

Натпреварот меѓу Холандија и Сенегал кој по досегашното сценарио беше прв, сега ќе се игра подоцна на 21. ноември, кога наместо четири, ќе има три натпревари.

Промената на почетокот на мундијалот нема да го промени датумот на кој клубовите треба да ги ослободат фудбалерите, нешто што сигурно би било пречекано со многу негодување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни