Репрезентациите на Канада и Шведска ќе се борат титулата и златниот медал на овогодинешното Светско првенство во хокеј на мраз што се одржува во Германија и Франција.
Во полуфиналните битки Канаѓаните и Швеѓаните дадоа по четири гола против Русија, односно Финска и со тоа си обезбедија меч во Келн за првата позција.
Бранителот на титулата славеше над Русија со 4-2 тоа со пресврт во завршната третина во која ги даде сите четири гола. Русите по 40 минути водеа со головите на Кузнецов и Гусев, меѓутоа тоа не беше доволно за конечно славје, а за тоа се погрижи четата на Купер.
Скандинавската битка мина во знакот на „викинзите“ кои со 4-1 ги добија Финците. Клучен беше вториот период во кој Клинберг и Ниландер погодија за 3-1 по што Нордстром само стави точка на одличното издание.
Ова за Швеѓаните ќе биде можност да дојдат до златото за прв пат по 2013 година, а пак Канада бара хет-трик со оглед на тоа што лани и во 2015 година се искачи на врвот.
Facebook Коментари