СП во хокеј на мраз: Канада ја оправда фаворитската улога против домаќинот, САД на колена пред Финска (Видео)

Philipp Grubauer

На Светското првенство во хокеј на мраз кое се одржува во Германија и Франција познати се четирите полуфиналисти и селекции кои ќе се борат за медали на овој турнир.

Бранителот на трофејот репрезентацијата на Канада славеше во Келн над домаќинот со 2-1. Канаѓаните доминираа, но не можеа така лесно да го пробијат последниот бедем голманот на противникот Филип Грубауер кој имаше дури 48 одбрани.

Сепак пакот два пати заврши во мрежата на Германците и тоа во првиот и вториот период пред да во самиот финиш на средбата Сеиндерберг го намали водството и со тоа воедно го постави конечниот резултат.

Ривал на Канада во полуфиналето ќе биде Русија која со 3-0 со головите на Орлов, Кучеров и Панарин ја доби Чешка.

Второто полуфинале ќе биде скандинавско меѓу Финска и Шведска. Ова е резултатот откако Финците го добија фаворизираниот САД со 2-0, а пак Швеѓаните со по еден гол во секоја третина ја победија Швајцарија со 3-1.


Facebook Коментари