Поврзете се со нас

Балкан

Совршено збогување на Горан Драгиќ – Јокиќ и Дончиќ го воодушевија светот

Објавено

на

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ вечерва во „Стожице“ официјално се прости од овој спорт.

Целиот спектакл траеше повеќе од три часа и вклучуваше врвна забава за учесниците и обожавателите кои не беа лишени од подароци, фотографии и потписи.

Секако, во центарот на вниманието беше самиот Горан, кому многу спортски работници, пријатели, семејство, поранешни соиграчи и тренери испратија емотивни пораки кои не му беа лесно да ги проголта.

Она што беше исто така убаво да се види е неговото семејство кое излезе на терен кон крајот на натпреварот. Во последните три минути таткото Маринко, братот Зоран и двата сина заедно со Горан одиграа меч против избраниците на Лука Дончиќ.

Секако, шоуто го украдоа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во тандем, а одлични беа и Богдан Богдановиќ, Бобан Марјановиќ и Стив Неш, кои со своите настапи уште повеќе ја подигнаа атмосферата.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни