Поврзете се со нас

Италија

Соуза нема дилеми кој е најдобриот тим во Италија: Тие се фаворити за Скудетото

Објавено

на

foto:x.com/Shabab_AlAhliFC

Пауло Соуза е човек кој добро го познава италијанскиот фудбал, фудбал во кој прво беше активен како играч, а потоа работеше и како тренер.

Тој настапуваше за Јувентус, Интер и Парма, додека како стратег ги водеше Фиорентина и Салернитана, па со оглед на големото искуство дефинитивно неговиот став има тежина кога е во прашање фудбалот на Апенините.

Португалецот го посочи Интер како тим со најдобар состав, додека на второ место го стави Милан.

-Интер има супериорен квалитет на секоја позиција. За мене тие се фаворити за титулата во Серија А. Тие го имаат најдобриот состав, заедно со Милан. Средниот ред е на ниво во Премиер лигата. Играчите од средниот ред на Интер добро го читаат времето и просторот, знаат да играат кратко и долго, шутираат од далечина и влегуваат во шеснаесетникот, -рече Соуза кој не исклучи враќање во Италија.

-Италијанскиот фудбал отсекогаш имал влијание врз мене, а најдобрите стратези се во Италија. Што се однесува до враќањето, Италија ја сметам за дом и сакам да се натпреварувам. Ако има проект за мене во јуни, зошто да не? Мојот приоритет сега е да триумфирам. Го избрав Шабаб поради таа причина: премногу ми недостигаше, -порача Пауло за „Газате Дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни