Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Состави за ЛШ: Силва и Грилиш ќе му помагаат на Халанд, Џеко и Лаутаро го предводат нападот на Интер (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig_EN

Вечерва ќе добиеме уште две екипи во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а истите ќе ги бараме меѓу Манчестер Сити, РБ Лајпциг, Порто и Интер.

Сити е фаворит во битката со „биковите“, потребна им е победа, а за да се дојде до истата многу важен фактор е Халанд, Норвежанецот е во почетната постава и негова најголема поддршка ќе му бидат Силва, Грилиш, а тука е и Де Брујне.

Најголема опасност за премиерлигашот дефинитивно ќе биде некогашниот член на Челси, Тимо Вернер.

Интер пак со помош на Џеко и Лаутаро ќе се обиде да постигна некој гол во Португалија и со тоа ја заврши работата која ја започна на „Џузепе Меаца“.

Порто пак од друга страна си има свои планови, најистурени се Тареми и Еванилсон, но тука се и Урибе, Грујиќ…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни