Поврзете се со нас

Италија

Сопственикот на Удинезе: Бундеслигата ја плаќа цената за избрзаниот рестарт

Објавено

на

Џампаоло Поцо како сопственик на Удинезе одамна апелира дека не треба да се брза со рестартирање на италијанското првенство, а сега јавно ја критикуваше Бундеслигата.

Германците први се вратија на терен меѓу елитните европски лиги, но Поцо вели дека тоа што го претставуваат како успех, всушност е потврда дека избрзале со враќањето на терен.

– Го рестартираа првенството на најлош можен начин, иако тоа го претставуваат како успех.

– Тоа што се очекуваше во однос на повредите, веќе се случи, регистрирани се дури осум на првите шест натпревари.

– Ова е доказ дека кога не си добро подготвен, ја плаќаш цената за тоа. Ова е со еден натпревар неделно, ако се играат два, тогаш цел состав од 30 фудбалери ќе заврши на листата на повредени играчи.

– Моите зборови не значат дека не сакаме да го продолжиме првенството, но по два и пол месеци без тренинг, на фудбалерите им е потребно повеќе време, најмалку еден месец, – изјавил Поцо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни