Поврзете се со нас

Шпанија

Сопственикот на ПСЖ сака да го купи Еспањол поради „специјална“ причина

Објавено

на

ПСЖ влезе во отворена војна со Барселона поради повеќе ситуации кои наметнаа дополнително ривалство, а двата клуба имаат забелешки и за финансиското работење на ривалот во Лигата на шампионите.

Шпански „Спорт“ тврди дека анимозитетот отишол дотаму што катарските сопственици на ПСЖ сакаат да го купат Еспањол и на тој начин во иднина да и наштетат на Барса.

Пославниот и потрофеен каталонски клуб го држи во сенка тимот на Еспањол, но шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани смета дека излезот од таква ситуација е голема инвестиција за која катарските милијардери не би имале проблем.

Еспањол има финансиски проблеми и е на продажба, а покрај ривалството со Барселона, Ал Тани на клубот гледа и како добра бизнис инвестиција. Насер Ал-Келаифи (фото) како прв оперативец во ПСЖ треба да подготви база за целата акција во шпанскиот клуб и да ги искористи своите конекции за полесна реализација на евентуалниот договор.

Во моментов, сино-белите имаат кинеска групација како сопственик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни