Сопственикот на Монако бил уапсен од француската полиција

ribolovlev

Првиот човек на фудбалскиот клуб Монако, Дмитри Риболовлев бил уапсен од француската полиција и пуштен да се брани од слобода со кауција.

Француските медиуми пренесоа дека рускиот милијардер завршил зад решетки за случај чии детали не се откриени, а откако минал 24 часа во притвор, бил ослободен со кауција. За истиот случај се уапсени и неговата адвокатка Тетјана Бершеда, како и сопругата и синот на поранешниот полициски началник на Монако, Филип Нармино.

Неофицијалните информации се дека обвинението за Риболовлев и останатите се однесува на корупција и злоупотреба на службена должност.

Facebook Коментари