Поврзете се со нас

Англија

Сопственикот на Манчестер Сити ќе им го плати патувањето на фановите за финалето во Порто

Објавено

на

Манчестер Сити веќе освои два трофеја во домашните натпреварувања, а ќе се обиде да стигне и до првиот во Лигата на шампионите.

Екипата предводена од Пеп Гвардиола на 29. мај ќе се соочи со Челси во Порто, а денеска стана јасно дека сопственикот на новиот англиски првак решил да им го плати патувањето на фановите во Португалија.

Шеин Мансур им соопштил одлична вест на заинтересираните навивачи да го гледаат финалето на „О Драгао“, а се очекува сите 6.000 билети предвидени за Сити да бидат искористени.

– Пеп и тимот имаа имаа неверојатна сезона и стигнаа до финалето на Лигата на шампионите и покрај големиот број предизвици.

– Затоа е многу важно што повеќе фанови да имаат можност да го следат овој специјален натпревар, посебно оние кои го поддржуваа Сити низ годините, во лошо и во добро, – изјавил сопственикот на Сити.

– Нашите фанови ќе може да се фокусираат во тоа да уживаат во денот, отколку да размислуваат за трошоците за патување во овие тешки времиња, – дополнил претседателот на клубот, Калдун Ал-Мубарак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни