Поврзете се со нас

Италија

Сопственикот на Бреша го смени ставот: Сезоната мора да продолжи

Објавено

на

Масимо Челино беше најгласен меѓу претседателите на италијанските клубови барајќи сезоната да не биде продолжена, а денеска изјавил дека сега го променил ставот.

Сопственикот на Бреша во изјава за „Ла Република“ посочил дека ако сезоната не продолжи, најголемиот дел од клубовите ќе имаат големи финансиски проблеми.

– Го сменив мислењето и го прифаќам ставот на мнозинството. Мора да се организираме за да го продолжиме првенството, инаку многу клубови ќе банкротираат.

Сепак, Челино не прифаќа компромис со играње на неутрален терен.

– Секако дека во Ломбардија се уште е комплицирано да се тестира на вистински начин, но ако играме, тоа би го правеле на „Ригамонти“, никако на неутрален терен, – изјавил Челино.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни