Поврзете се со нас

Франција

Сопствениците на Ливерпул го купуваат заспаниот француски гигант

Објавено

на

Корпорацијата ФСГ го презеде Ливерпул во октомври 2010 година, по што следуваше многу успешен период во кој „црвените“ успеаја да ги освојат практично сите можни трофеи.

Сега Американците би сакале да купат уште еден голем клуб, тоа е францускиот Бордо.

Сопственик на „жирондинците“ е бизнисменот Жерар Лопес, кој три години го води клубот, но во тој период испадна во втората лига, што наиде на гнев кај навивачите на шесткратниот шампион на Франција.

Покрај Ливерпул, ФСГ ги поседува и безбол тимот Бостон Ред Сокс, како и хокеарскиот клуб Питсбург Пингвинс, што очигледно не ги спречува челниците да го прошират своето влијание во светот на фудбалот.

„ФСГ покажа интерес за купување на францускиот клуб Бордо и е во рана фаза на дијалог и преговори со сопствениците на клубот. Бидејќи процесот е во рана фаза, нема да се огласуваме за ова прашање до понатамошно известување“, стои во изјавата на корпорацијата, по што стигна и потврда од Бордо.

Атлетик објави дека Бордо нема да има статус на филијала на Ливерпул, туку ќе работи независно.

Бордо ја заврши минатата сезона како 12-ти клуб во Лига 2, позиција која разочара многу поддржувачи на клубот со голема традиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни