Поврзете се со нас

Англија

Сопругата на Силва се извини за тензијата која ја предизвика во Челси (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси ја продлабочи својата криза со уште еден ужасен резултат на домашниот „Стемфорд Бриџ“, откако Вулверхемптон успеа убедливо да слави на натпервар на кој „сините“ први поведоа.

„Волците“ успеаја да се вратат и на крајот победија со убедливи 2:4, болен пораз кој предизвика дополнителни реакции и поради објавата која ја имаше сопругата на Тиаго Силва.

Беле е позната како верна навивачка на Челси и ги следи речиси сите натпревари на првиот тим, па затоа нејзината порака одекна доста звучно по последниот судиски свиреж.

Сопругата на Силва побара смена на менаџерот Маурисио Покетино и нагласи дека подобро за клубот ќе биде таа одлука да ја донесе што поскоро, нешто што очекувано дополнително ја крена тензијата во првиот тим.

Покетино мораше да одржи кризен состанок со искусниот стопер за да ја смири топката, а денеска со извинување се јави и Беле која ги повлече своите зборови на социјалните мрежи.

– Жал ми е што мојот личен испад како страстен навивач на Челsи предизвика такво влијание. Јас сум страстенa за тимот, се радувам на победи и тажна сум поради поразите. Сите го сакаме истото нешто, сакаме победнички тим, напред Челси!!, – порача Беле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни