Поврзете се со нас

Англија

Сопругата на Силва ја смени „песната“ за Вернер и ги изнасмеа фановите на Челси (Видео)

Објавено

на

Челси се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, па фановите на премиерлигашот веројатно веќе му го простија промашувањето на Тимо Вернер од првата средба.

Не само што на тоа гостување против Реал, Челси извлече 1:1, туку на вчерашниот реванш, токму Вернер го постигна голот за водство, за на крајот домаќините да слават со 2:0 и да го потврдат големиот успех на оваа генерација фудбалери.

Еден од фановите кои му простија за утките на Вернер е и сопругата на Тијаго Силва, Изабел, која се прослави на социјалните мрежи по првата средба.

– Ни треба гол, треба да го добиеме овој натпревар, но нашиот напаѓач не сака да постигне гол. Не знам зошто тој не сака да постигне гол, – коментираше Изабел Силва во објавеното видео.

Но, откако Вернер реализираше, а нејзиниот сопруг се радуваше на пласманот во финалето, Изабел ја промени „песната“ и го пофали германскиот напаѓач, а видеото повторно предизвика многу реакции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни