Поврзете се со нас

Англија

Сопругата на Силва бара отказ за Покетино: Време е за промена (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино очигледно не може да најде решение за овој тим на Челси и изгледа како човек кој нависитна се мачи да се справи со големиот број млади фудбалери, па дел од фановите сметаат дека клубот треба да се раздели со аргентинскиот стручњак кој беше одличен во Тотенхем.

Новиот проект на Тод Боли ги навикна навивачите на чести менаџерски промени и работата на Покетино сега е доведена под сериозен ризик, особено кога со сериозни прозивки во јавноста се јавуваат и луѓе блиски до првиот тим.

Челси денеска загуби од Вулверхемптон на домашен терен со 2:4, а последниот гол за поблаг пораз го постигна Тиаго Силва.

Бразилецот најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Челси, но се чини дека неговата сопруга не сака да гледа како се продлабочува мизеријата во наредните неколку месеци.

Беле Силва редовно ги следи натпреварите на Челси и најчесто објавува видеа од трибините, но денеска се јави со објава на социјалните мрежи и побара смена на Покетино.

– Време е за промена. Ако почекате уште малку, ќе биде предоцна, – гласи пораката на Беле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни