Сопругата на Раиконен со жесток предлог до „плачкото“ Хамилтон (Фото)

kimi-mintu

Луѓето од Мерцедес не го криеја незадоволството по крајот на вчерашанта трка во Велика Британија и испратија сериозни замерки до Ферари, а воедно и самиот Луис Хамилтон ги обвини претставниците на италијанскиот тим дека користат интересни тактики за да дојдат до предност.

Светскиот шампион смета дека не е случајност тоа што Кими Раиконен се заби во неговото задно тркало на вчерашната трка на Силверстоун, а Хамилтон беше до толку лут и бесен по крајот на возбудувањата, што одлучи да ги одмине двајцата возачи на Ферари со цел да не даде изјава.

Ваквите поплаки од Мерцедес и од самиот Хамилтон наидоа на одговор од Аривабене кој вели дека е смешно да се алудира на тоа дека Раиконен намерно ја направил грешката, а сега на сето ова се надоврза и поубавата половина од семејството на Финецот, сопругата Минту Раиконен.

– Ако плачеш како девојче кога губиш, тогаш најдобро е да играш балет, – порача Минту на социјалните мрежи, објава која најверојатно му ја посвети на Хамилтон.

mintu-raikonen

Facebook Коментари