Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сопругата на Рафиња со емотивна посвета: Од болница до егзибиција во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Рафиња игра во животна форма и продолжува да воодушевува со своите настапи како еден од лидерите на Барселона, па така вчера постигна два погодоци во победата над Бенфика со резултат 3:1.

Откако беше клучен за победата во Лисабон, Бразилецот вчера постигна уште два погодоци во првиот дел, но неговиот блесок е уште поважен поради увертирата која ја имал пред натпреварот.

Рафиња го пропуштил состанокот со своите соиграчи поради тоа што побарал специјална дозвола од Ханси Флик за задоцнето пристигнување во тимската база, а причина за тоа била посетата на неговата ќерка во болница.

Со цел да мине што е можно повеќе време со својата малечка ќерка, Рафиња ги прескокнал своите професионални обврски пред мечот со Бенфика, но потоа излезе на теренот и покажа за каков голем мајстор станува збор.

Вчерашната епизода на Рафиња не ја остави рамнодушна ниту неговата сопруга, која преку социјалните мрежи му испрати емотивната порака на Бразилецот.

– Љубов моја, многу сум горда на тебе. Стана рано за да дојдеш во болница за нашето дете, а потоа се врати и ја заврши својата работа со голема класа. Голем татко и голем професионалец. Те сакаме, – порача неговата сопруга Наталија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни