Сопругата на Лео долови како изгледа „Ел Класико“ пресметката во дневната на Меси (Фото)

mesi-jazik

Лионел Меси во текот на денешниот ден се врати во Барселона по репрезентативните обврски кои ги имаше со својата Аргентина, а за тоа како го минува слободното попладне пред враќањето на тренинзите на првиот тим ни откри неговата сопруга Антонела Рокузо.

Поубавата половина на Меси приложи неколку симпатични фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледа како нејзиниот сопруг и малиот Тиаго играат ФИФА на пелјстејшн. Секако, на програмата во дневната соба на Меси е „Ел Класико“ пресметката меѓу Барселона и Реал Мадрид, а малиот Тиаго уште отсега знае кои бои треба да ги носи во присуство на својот татко…

 

mesi-plej

Facebook Коментари