Поврзете се со нас

Англија

Сопругата на легендарниот Џорџ Бест откри интересни пикантерии од нивниот живот: Сакаше во кревет да ја однесе и мојата…

Објавено

на

Џорџ Бест важи за една од легендите на Манчестер Јунајтед, а неговата биста уште долго ќе стои пред „Олд Трафорд“ во друштво на Сер Боби Чарлтон и Денси Ло.

Легендарниот Бест 11 сезони беше дел од Манчестер Јунајтед, но не успеа да стекне уште поголема слава затоа што имаше огромни проблеми со алкохолот.

Бест покрај љубовта кон чашката важеше и за голем заводник, а тоа во последното интервју за „Дејли Мејл“ го потврди и неговата поранешна сопруга, Енџи Бест.

Поранешната сопруга на Бест потврди дека тој спиел со нејзината најдобра другарка, а во кревет се обидел да ја однесе дури и нејзината сестра.

– Бегаше од клиниката, спиеше со мојата најдобра пријателка, а се обиде и мојата сестра да ја однесе во кревет, -изјави Енџи која потоа раскажа за борбата на Бест со алкохолот.

– Секое утро го терав да пие таблети кои помешани со алкохол предизвикуваа мачнина и повраќање. Секогаш проверував дали ги голтнал таблетите или не, а тој често ги криеше по џеповите. Жал ми е што не може да го гледа својот син, но тука јас не можам ништо, тоа беше негов избор. Шишето го сакаше повеќе од животот, -изјави Енџи.

Бест со само 28 години го напушти Манчестер Јунајтед и потоа играше тимови ширум САД и Британија, но никогаш не го покажа својот потенцијал и секогаш имаше проблеми со алкохолот и излегувањата во пабовите кои клубовите не ги толерираа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни