Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сопругата на Инѕаги: Симоне многу добро го знае Сити…

Објавено

на

Манчестер Сити веќе подолго време сонува да биде шампион на Европа, а нова шанса за тоа ќе има на 10 јуни каде силите ќе ги одмери со Интер.

„Граѓаните“ важат за фаворити на хартија, ама никој не може да го потцени Интер кој успеа да ја мине „групата на смртта“, па преку Порто, Бенфика и Милан дојде до дуелот за пехарот кој ќе се игра во Истанбул.

Инѕаги важи за човек кој е специјалист за трофеи кога ќе дојде една ваква фаза со тоа што сега предизвикот е поинаков и не се работи за борба со италијански клубови во Купот или Супер Купот на оваа земја. Меѓутоа Симоне по се изгледа добро ги познава, го има анализирано составот од Манчестер ако се суди по изјавата на неговата сопруга, Гаја Лукариело.

-Тимот на Гвардиола е многу силен, тие се вонземјани. Симоне предвиде дека ќе го победат Реал Мадрид со 4-0 во полуфиналето и тоа навистина се случи. Симоне добро ги познава, -истакна Лукариело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни