Поврзете се со нас

Англија

Сопругата на Хаверц откри какви шокантни закани добила по поразот од Јунајтед (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал не успеа да искористи низа број шанси за да му зададе конечен удар на Манчестер Јунајтед во регуларниот дел, а потоа не го пронајде патот до мрежата и со играч повеќе во продолжението.

На крајот, „ѓаволите“ успеаја да одолеат на „Емирејтс“ и остварија голема победа во пенал рулетот, но овој дерби натпревар за жал е уште еден доказ дека животот на фудбалерите не е воопшто лесен.

Каи Хаверц беше трагичар поради нереализираниот пенал и големата утка која ја имаше во регуларниот дел, меѓутоа, никој не заслужува третман каков што добила неговата сопруга преку социјалните мрежи.

Низа разочарани фанови на Арсенал и се нафрлиле на Софија и испратиле низа ужасни пораки преку социјалните мрежи, а сопругата на Германецот сега реши да сподели дел од нив.

– Се надевам дека ќе имаш спонтан абортус…….. Ќе дојдам дома и ќе ви го заколам нероденото дете….., – се само дел од пораките, за кои Софија ја напиша следната порака.

– Шокантно е тоа што постојат луѓе на кои им е прифатливо да пишуваат вакво нешто. Се надевам дека се срамите сами од себе…., – порачува Софија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни