Поврзете се со нас

Шпанија

Сопругата на Феде „распали“ на социјалните мрежи, Анчелоти објасни зошто го извади на полувреме (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Неубедливите изданија на Реал Мадрид почнаа да ги загрижуваат Карло Анчелоти и верните навивачи на „кралскиот клуб“, но потезите на Италијанецот веќе носат и одредени негодувања од личности кои се блиски до членови на соблекувалната.

Анчелоти вчера реши да го игра Феде Валверде како крилен фудбалер во својата формација со цел да му даде поголема слобода, меѓутоа оваа тактика се покажа како лош потег, па Италијанецот коригираше уште на полувреме.

Уругваецот беше повлече од игра и на неговот место влезе Камавинга како класичен играч за врска, а оваа одлука на Анчелоти не и се допадна на сопругата на Валверде, која имаше мал „рафал“ на социјалните мрежи.

– Подобро да го исклучам ова….. Ако кажам што мислам, ќе ме заробат, – порача Мина Бонино на „Икс“, па продолжи.

– Феде игра најдобро како играч за врска…. Кога ќе сфатите дека тој не е крилен фудбалер, – продолжи Мина во една од расправиите со корисниците на социјалната мрежа.

Во продолжение, сопругата на Валверде ги повлече објавите откако се крена голема прашина околу нив, но истите беа забележани од медиумите во Шпанија и беше побаран одговор и од Карло Анчелоти.

– Феде не можеше да даде 100 проценти од себе. Имаше проблем со грбот во текот на неделата, но вчера тренираше добро и затоа беше стартер. Имаше проблеми во првиот дел, не беше на најдобро физички ниво и поради тоа го извадив на паузата, – посочи Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни