Поврзете се со нас

Италија

Сопругата на Буфон го откри следниот чекор на ветеранот

Објавено

на

Поранешниот италијански репрезентативец, Џанлуиџи Буфон го напушта Јувентус по крајот на оваа сезона со тоа што едно прашање останува отворено, дали тој со ова ќе ја заокружи, затвори својата импресивна кариера.

Самиот Џиџи најави дека одлуката ќе ја донесе брзо и истата ќе ја соопшти на јавноста, а додека се чека на истата неговата сопруга Иларија Д’Амико едностовно најави што може да се очекува.

-Ако треба да изберам лично, тоа ќе биде странство. Серија А е тешка лига и носи голем притисок, а Џанлуиџи помина многу низ својата кариера. Разбирам дека навивачите би сакале да го видат во Италија, но во странство е најреална опција во овој момент, -порача Д’Амико.

Џиџи во досегашното свое патување настапуваше за Јувентус, Парма и ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни