Сопругата на Алан бесна на фановите на Наполи: Доста е!

alan

Сопругата на Алан, фудбалерот на Наполи кој очигледно не е во најдобри односи со клупското раководство, преку социјалните мрежи ги нападна фановите на калчолигашот поради нивното однесување последниот период.

Синоќа непознати лица упаднале во домот на Алан и иако не украле вредни предмети, предизвикале голема материјална штета, а според медиумите, тоа било порака од дел од фановите поради наводната вмешаност на Бразилецот во конфликтот на дел од играчите со Де Лаурентис и неговите соработници.

– Доста е! Мислам дека работите излегуваат од контрола и веќе не можам да ги поднесам. Првото мојот сопруг е нападнат не поради тоа што го направил на теренот, туку поради измислени обвинувања од луѓе што сакаат да ја извртуваат реалноста.

– Потоа секој ден ме навредуваат мене на социјалните мрежи, неделава тоа ми се случи и за време на шопинг. Синоќа ни се случи голем стрес, луѓето кои влегле во нашиот дом преку ден направиле хаос и во детските соби, нашите деца плачеа.

– Бевме третирани одлични кога пристигнавме во Неапол, но луѓето сега користат лажни вести за да не напаѓаат, ова не е фудбал, вака не се поддржува клуб, – напишала Таис, сопругата на Алан.

Facebook Коментари