Поврзете се со нас

ВТА

Сонот стана реалност: Барти ја освои титулата на Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобрата тенисерка на светот, Ешли Барти успеа на слави на третиот грен слем турнир во оваа календарска година Вимблдон.

Барти во големото финале беше подобра од Каролина Плишкова со 2-1 во сетови по два часа игра на центрачниот терен во Лондон. Борбената Ешли покажа повеќе на овој меч и со тоа успеа да го оствари сонот, да стане „кралица“ на Вимблдон кој важи за најпрестижен турнир кога е во прашање белиот спорт.

Тенисерката од Австралија беше убедлива во првот сет и истиот го реализираше со 6-3, вториот пак донесе голема борба, по два брејка на двете страни, па решавачки беше тај-брејкот во кој Каролина беше подобра со 7-4 и го однесе мечот во „продолжение“.

Првиот светски рекет беше пофокусиран, одлично го чуваше својот сервис и со 6-3 дојде до вториот грен слен пехар во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни