Поврзете се со нас

Англија

Сонг: Имав ист автомобил како Анри само два месеци, не можев да го издржувам!

Објавено

на

Алекс Сонг привлече големо внимание во јавноста со обраќањето кое го имаше на Инстаграм, пред се поради тоа што играчот кој имаше завиден напредок во кариерата како член на Арсенал, во последните години доживеа сериозен пад кој резултираше со трансфер во Сион.

Во овој момент, Сонг се води како играч на вториот тим на Сион поради бирократски проблеми и покрена тужба против клубот, а откако се етикетираше себеси како „милионер“ благодарение на трансферот кој го направи во Барселона, истовремено откри и една приказна од своите почетоци во Арсенал.

– Бев осум години во Арсенал, но ви се колнам дека само во последните четири почнав да заштедувам и да заработувам добри пари. Во тој период значително ми се зголеми платата. Претходно загубив многу пари, вечерав на скапи места, имав патувања, одмори, а платата не беше доволна за сето тоа.

– Сите мислеа дека сум милионер, но на банкарската сметка немав заштедено ниту 100 илјади фунти, – открива Сонг кој во продолжение обелодени и една анегдота која е поврзана за Тјери Анри.

– Кога го потпишав првиот професионален договор со Арсенал, добивав по 15 илјади фунти неделно. Бев толку среќен и бев млад човек кој од 4 илјади фунти, одеднаш почна да добива по 15 илјади. Дојдов на тренингот и видов каков „бесен“ автомобил вози Анри. Сметав дека треба да имам ист таков, без разлика колку вреди. Го добив на лизинг, потпишав некои документи и веднаш ми го донесоа. Имав ист автомобил како Анри само два месеци, сфатив дека не можам да се носам со тоа, не ми стигнуваа парите. Го заменив со Тојота. Кога Анри ме праша што се случи со автомобилот, само му кажав дека тоа е премногу за мене, – открива Сонг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни