Поврзете се со нас

НБА

„Сонцата“ ќе го ангажираат тренерот кој стана шампион со Лејкерс

Објавено

на

Неколку екипи во НБА лигата се решија да направат промени на тренерската позиција по завшувањето на нивните настапи, а една од нив беше Феникс Санс која се откажа од Монти Вилијамс.

Вилијамс во меѓувреме најде нова работа и го презема Детроит Пистонс, додека „сонцата“ пак се на добар пат да го пополнат испразнетото место со Френк Вогел. Американските медиуми пренесуваат дека Вогел ќе добие повеќегодишен договор од Феникс што значи ќе добие можност да соработува со ѕвезди од тимот на Кевин Дурент и Девин Букер.

Френк во финалниот избор ги победил Док Риверс и Кевин Јанг, па сега останува да се фати за работи и да проба да го повтори успехот што го имаше со ЛА Лејкерс, поточно да донесе шампионски пехар во Аризона.

Претходно тој има работено како главен стратег во Индијана Пејсерс и Орландо Меџик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни