Поврзете се со нас

Англија

Сон погоди директно од корнер, Тотенхем последен патник во полуфиналето на Лига Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Тимот на Тотенхем го обезбеди последниот билет за полуфиналето на англискиот Лига Куп и тоа откако вечерва во ефикасен, динамичен меч беше подобар од Манчестер Јунајтед со 4-3.

Во дуел во кој не се прославија голманите (Фостер и Бајиндир), „петлите“ подобро се снајдоа и обезбедија пласман во наредната фаза во која се уште Ливерпул, Арсенал и Њукасл.

Домаќините водеа со 3-0 до 63 минута со погодоците на Соланки (2) и Кулушевски, но Јунајтед набрзина дојде до два гола и до 70 минута резултатот беше 3-2.

Овој резултат беше активен до 88 минута кога Сон реализираше директно од корнер, ама прашање е дали овој погодок ќе беше признаен ако имаше ВАР затоа што постоеше контакт меѓу Бергвал и голманот Бајиндир.

До крајот гостите намалија со голот на дефанзиевцот Еванс, но немаше време за нешто плус на ова соочување во Лондон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни