Поврзете се со нас

Англија

Сон по потопот на Тотенхем во лондонското дерби: Треба да се погледнеме во огледало

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем вчера загуби од Фулам и тоа неочекувано убедливи 3:0, разочарувајќи ги фановите кои очекуваа позитивен резултат во битката за место кое води во Лигата на шампионите.

Капитенот Сон по натпреварот признал дека ова е неприфатлив резултат за екипа како Тотенхем и испратил порака до соиграчите.

– Ова беше многу разочарувачки и фрустрирачки настап.

– Секој треба да се погледне во огледало и да прифати дел од вината за поразот.

– Не одигравме доволно добро, не се трудевме како што го правевме тоа претходно, мора да се разбудиме навреме.

– Во Премиер лигата казната стигнува веднаш ако не си подготвен за натпревар, никој не дава три поени бесплатно. Ја победивме Астон Вила, но сега се вративме два чекора наназад, вклучувајќи ме и себе, тоа беше неприфатливо, – истакнал Сон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни