Сон откри детали од пораките кои си ги разменил со Гомеш

son-everton

Хјонг Мин Сон преживеа крајно емотивни и тешки денови, свесен дека беше дел од еден страшен и непосакуван инцидент, во кој имаше придонесе за сериозната скршеница на ногата која ја заработи Андре Гомеш.

По блескот кој го имаше во Белград и двата постигнати гола на мечот со Црвена Звезда, Кореецот за првпат се отвори и проговори за страшната сцена на „Гудисон парк“, но по првата изјава која ја даде во микс-зоната, одработи и интервју за „Скај Спортс“ во кое беше подетален и откри дека дури и си размениле пораки со тешко повредениот Португалец кој сега долго ќе биде надвор од фудаблските терени.

– Му испратив порака на Гомеш пред да полетаме за Белград. Тој ми врати и си разменивме неколку пораки. Се уште ми е многу тешко за тоа што се случи, навистина жалам за тоа и му го кажав тоа на Андре. Фудбалот е спорт во кој можат да се случат вакви нешта, но никој не сака да се најде во ваква ситуација. Навистина сум многу тажен што бев инволвиран во таа ситуација, ова беа многу тешки, исклучително тешки денови за мене. Му испратив порака и му посакав се најдобро, му кажав дека многу жалам и дека му се извинувам и на неговото семејство, – откри Сон.

 

Facebook Коментари